| четврток, 6 декември 2018 |

„Вашингтон Пост“: ВМРО-ДПМНЕ победи и ќе формира влада

post

Лидерот на македонската конзервативна коалиција која победи на изборите, обвини дека „срански медијатори, амбасадори и претставници на странски држави“ се мешаат во внатрешните работи на државата, пишува американскиот „Вашингтон Пост“.

Никола Груевски, поранешниот премиер, се обрати пред седиштето на Државната изборна комисија во Скопје, во саботата, но не прецизира за која држава станува збор. Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ ја победи опозициската СДСМ, со тесна разлика, а опозицијата до ДИК поднесе приговори по однос на изборите, пишува „Вашингтон Пост“.

Груевски, нагласува весникот, рече дека странци влијаеле врз членови на комисијата и врз некои политички партии.

-Конзервативната партија очекува да формира влада со нивниот долгогодишен партнер, ДУИ- пишува „Вашингтон Пост“.

Во текстот за заклучува и дека лидерите на сите четири албански партии, кои што освоија мандати во Парламентот, одржаа разговори во Тирана , со албанскиот премиер, Еди Рама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top