| четврток, 6 декември 2018 |

Американската полиција убивала по повеќе од две лица секој ден

Американската полиција во првите пет месеци од оваа година убила 385 лица или по повеќе од двајца секој ден, покажува истражувањето на весникот „Вашингтон пост“.

Big Guns

Истражувањето на весникот е направено врз сознанијата на дестици илјади агенции за заштита и почитување на правото на локалните медиуми, врз полициските извештаи, како врз основа на направените многубројни интервјуа.

Утврдено е дека полицајците убивале по 2,6 лица секој ден, што е повеќе од двапати во споредба со просечните годишни податоци на Федералното биро за истраги (ФБИ) во изминатите десетина години.
Според наодите на „Вашингтон пост“, годинава се убиени трипати повеќе црнци отколку белци или припадници на другите расни, етнички и верски заедници во САД.
Најголемиот број од убиените биле вооружени, но истражувањето на весникот открива и дека еден од шестмина убиени немале оружје или со себе носеле пиштоли-играчки. Повеќето од нив се млади на возраст меѓу 25 и 34 години, но има и осуммина помлади од 18 години.
Од почетокот на оваа година САД се соочуваат со неколку контроверзни случаи во кои невооружени црници се убиени од полицајци-белци.
Американските закони им даваат на полицајците овластување да употребат огнено оружје, доколку оценат дека се загрозени нивниот живот или животите на други лица. Проценка на правните експерти е дека засега нема начин за менување на актуелната ситуација со полициските овластувања.
Официјалните сознанија на ФБИ и на полицијата покажуваат дека од 2008 година во САД секоја година се убивани по просечно 400 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top