Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека вооружената група Курдска работничка партија (ПКК) е одговорна за денешниот напад со автомобил-бомба врз автобус со војници, при што загинаа 13 лица, а 55 се повредени.
Тој истакна дека „сепаратистичката терористичка организација“ е одговорна за нападот, додавајќи дека вакви напади би можеле да се поврзани и со настаните во Ирак и Сирија.
Премиерот Бинали Јилдирим потврди денеска дека нападот во Кајсери бил извршен од самоубиец, оценувајќи го како злосторство против човештвото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.