| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ќе се бориме за десоросоизација на Македонија и јакнење на независен граѓански сектор

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе проглас чии главни пораки ги соопшти лидерот на партијата Никола Груевски, пред насобраните граѓани пред седиштето на Државната изборна комисија.

-Ќе се бориме за десоросоизација на Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот, соопшти меѓудругото Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека партијата и историски и во сегашноста и во иднина, била и ќе биде прозападно ориентирана партија нашата ориентација е членство во НАТО и ЕУ и стратешко пријателство со САД.

-Темелна вредност на НАТО, ЕУ и САД е демократијата  и овој проглас е проглас за заштита на демократијата во Македонија, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top