Вчера година во 19,25 часот во ЕИК-Скопје, од ГОБ „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив се донесени три повредени малолетни лица. Шеснаесетгодишно лице имало повреда од остар предмет во пределот на десното рамо, уште едно 16-годишно лице повреда од тврд предмет во пределот на главата и 17- годишно лице со две убодни рани од остар предмет.
По укажаната лекарска помош двете 16-годишни лица се пуштени на домашно лекување, додека 17 годишното лице е задржано на понатамошно лекување.
Настанот се случил на ул.„Цветан Димов“ кај Јаја Паша, каде малолетните лица биле нападнати.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за нападот и пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.