| четврток, 6 декември 2018 |

Хулигани на СДСМ повторно нападнаа постар човек (ФОТО)

tep640

Откако во средата вечерта насилници од СДСМ тешко го претепаа легендарниот македонски алпинист, 67 годишниот Јован Поповски, хулигани на партијата на Зоран Заев вечерва претепаа уште еден постар човек. 

Според сознанијата на КУРИР, без никаков повод и причина, неколку насилници го пречекале и физички го нападнале Т.Г. од Карпош.

Како што дознаваме, Т.Г. присуствувал на граѓанскиот протест пред Државната изборна комисија (ДИЛ) и се враќал кон сопствениот дом.

tep-1640

На враќање од протестот, се одвоил од групата и се упатил кон Катастарот. Кога стигнал кај училиштето во непосредна близина, со палки го нападнале повеќе лица.Единствено забележал дека двајца од нив се со фантомки.

Вандалите му нанеле сериозни телесни повреди, најмногу на главата и рацете. Цел крвав побарал помош и бил пренесен во болницата „8-ми септември“. Таму е во моментов и му се укажува помош, а од медицинскиот персонал е повикана и полиција.

Пред само два дена, насилници од СДСМ тешко го претепаа познатиот македонски алпинист Јован поповски, кој се здобил со  тешки телесни повреди, скршеница на нос, рака и ребра.

tep-2

Според информациите, додека Поповски седел во една позната скопска кафеана со пријател, едно од лицата што седеле на масата зад него му дофрлило „Ти да не си вмровец?“, на што Јове одговорил: „Не сум вмровец, а не сум ни предавник“.

Потоа алпинистот излегол од гостилницата со намера да си оди дома, но лицата што седеле на масата зад него тргнале по него и го нападнале Поповски, а во моментот сопственикот на гостилницата заедно со третото лице, кое било со напаѓачите, се обиделе да ги оттргнат насилниците. Тогаш нападнатиот почнал да трча со цел да избега, но насилниците повторно го фатиле и продолжиле да го удираат со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што избегале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top