| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за кавадарчанецот кој со нож под грло ја силувал својата 12-годишна ќерка

Судија во претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на кавадарчанецот што ја силуваше
својата 12-годишна ќерка.

Ќе одговара за сторено кривично дело „ родосквернавење“. Случајот во полиција го пријави мајката на девојчето.
На детето не му било прв пат да доживее ваква траума од сопствениот татко. Мајката кажала дека нејзиниот сопруг неколкупати досега во изминатите месеци сексуално ја злоставувал нивната ќерка. Според нејзиниот исказ пред полицијата, сопруг со иницијали М.А со употреба на сила и закана со нож го злоставувал детето.

Последен пат врз детето се изживувал минатиот месец, помеѓу 29 и 30 ноември. Грозоморниот чин се случил во семејната куќа, вечерта околу 21 часот. 41-годишниот М.А според информациите од полицијата веќе е спроведен во скопскиот затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top