| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: Парите поважни од љубовта и среќата…

Истражувањето спроведено на илјада луѓе во Португалија покажало зошто некои луѓе остануваат во љубовни врски во кои се несреќни или без оглед на тоа што повеќе не ги сакаат своите партнери.

Доброволците се поделиле во три групи и им рекле да се замислат во една деценија долг брак без љубов. Дали ќе останат заедно или ќе се разведат? Добиле и сценарија за тоа како изгледаат тие фиктивни бракови, каква е материјалната состојба, емотивната состојба…

Еве што одлучиле:

– Во првата група сите се изјасниле дека не би биле во брак без љубов подолго од една година.

– Во втората група рекле дека би останале во бракот поради заедничкиот имот и финансии.

– Во третата група би се потрудиле да го спасат бракот иако во него нема љубов, би дале се’ од себе.

Авторите на ова истражување велат дека резултатите покажуваат дека поединци би останале во лоша врска само за нивниот труд или пари кои ги вложиле во таа врска да не бидат залудно потрошени.

Излегува дека материјалните работи кај една третина од луѓето се поважни од љубовта и среќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top