Германската агенција за дигитална и интернет безбедност смета дека корисниците на електронска пошта на Јаху немаат соодветна заштита на своите лични податоци. Федералното биро за информативна безбедност (БСИ) го критикува „Јаху“ дека компанијата не прифатила соодветни енкрипции за да ги заштити своите корисници, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
БСИ ги советува корисниците на „Јаху“ во Германија да најдат алтернативна платформа за своите електронски пораки откако компанијата откри втор случај на откривање на лични податоци, што го зголеми стравот дека може да пропадне договорот за купување на „Јаху“ од страна на мобилниот оператор „Верајзон“.
Според шефот на БСИ, Арне Шоенбом, системот за енкрипција познат како МД5 што го користи „Јаху“ веќе не е доволен за соодветна заштита на личните податоци на корисниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.