Обвинителката Фатиме Фетаи и Специјалното јавно обвинителство (СЈО) доживеаа класичен дебакл во скопскиот Основен суд, откако предложените докази на Фетаи денеска беа одбиени како неосновани од Судот.
Фетаи нема никакви докази но инсистира на запирки при својот настап, со цел тие да влезат во официјалниот записник, на што за секое споменување ја засмејуваше присутната јавност.
Специјалната обвинителка со своето елементарно непознавање на процедурите и правилата во Основниот суд 1 доживеа класично фијаско. Како почетник таа вели дека доказите за кои самата тврди дека ги прибавила, не знаеше дали се тие кои ги поседува судот, бидејќи не можела да ги спореди. Како причина навела дека ги заборавила да ги понесе со себе.
Специјалната обвинителка најмалку три пати беше опоменувана од судијката за нарушување на јавниот ред и искажување на политички квалификации наместо правно издржан речник. Фетаи покажа дека е целосно неподготвена за расправата и покажа класично непознавање на процедурите.
Специјалната обвинителка доживеа и потсмев во судницата, заради типични излетувања во нејзините искази. Таа дури и се пожалила дека не било коректно што дел од присутната јавност се смешкала кога таа говорела. Всушност, Фетаи денеска во судницата покажа еклатантно непознавање на процедурите и законските правила, таа не знаеше дали се работи за подготвителна расправа или за главен претрес.
Судење е закажано за 22-ри февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.