| четврток, 6 декември 2018 |

Почна Новогодишниот карван на Фондацијата „Телеком за Македонија“

 Волонтери од Македонски Телеком ќе посетат над 2 000 деца од ранливи категории низ Македонија

Во пресрет на новогодишните празници, денеска во Кавадарци, Куманово, Битола, Неготино и во Штип почна традиционалниот Новогодишен карван на Фондацијата „Телеком за Македонија“. Караванот, кој се одржува четиринаесетти пат, годинава ќе израдува повеќе од 2.000 деца низ Македонија.

Организиран од волонтери, вработени во Македонски телеком, Новогодишниот карван ќе ги посети најранливите групи деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и болни деца сместени во здравствени институции.

Од денеска, па сè до крајот на декември волонтерите ќе делат новогодишни пакетчиња и ќе организираат претстави во семејства и институции. Секоја година се менуваат институциите за да се посетат што повеќе деца, со една цел да им се донесе радост и Новогодишна атмосфера на оние деца на кои им е најпотребно.

Дружењето со децата и дарувањето е традиција за вработените во „Македонски телеком“ и овој период на годината за нив е асоцијација за Новогодишниот карван. Некои од нив се дел од оваа хумана активност со години, а годинава караванот ќе го реализираат педесет волонтери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top