| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на врската по осум години – Катарина Шишмановиќ го остави момчето!

kata

Водителката Катарина Шишмановиќ ја заврши долгогодишната бурна врска со Горан Стаменковиќ, сопственикот на продукцијата Емоушн.

После осм години врска тие двајца решиле да се разделат, а Катарина ја напушти емисијата „Се за љубов“ која до неодамна ја водеше.

-Горан и јас отсекогаш ги одвојувавме работата и приватниот живот. Не можам да кажам дека тоа се поклопи, но ние двајца решивме да ставиме точка на нашата емотивна приказна.Четири години живеевме заедно, претходно имавме уште еден обид за врска. Единствено што можам да кажам е дека последните осум години беше важен дел од мојот живот – рекла Катарина.

kata2
Водителката не крие дека тешко го поднела раскинувањето.

-Разделбата никогаш не може да биде лесна, но јас бев подготвена. Тоа е момент кога донесувате одлука како зрела личност, без солзи и расправии. Ништо не е лесно кога се прекинува, но кога ќе сфатите дека тоа е единствена опција, тогаш треба да ја завршите таа епизода. Често велат после шест месеци ви недостига и каменот кој ќе ви испадне од џеб. Секако дека ми недостига и дека боли- објаснила Катарина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top