
Најдобриот македонски фудбалер во странство за 2016 година, Илија Несторовски, уште еднаш се заблагодари за наградата добиена од ФФМ истакнувајќи го својот став со емотивен статус на „Фејсбук“. Вели дека бил и на дното, знае дека и сега е на врвот, а најважно е дека верува во себе.
„Заклучив дека во животот не е битно да го правиш тоа што го сакаш…Битно е да го сакаш тоа што го правиш!!! Само тогаш не сонуваш… Ниту со отворени очи. Само тогаш не го живееш сонот… Тогаш си нечиј сон ти. Секој има свои идоли. Јас учев од моите… Сега ми е многу мило кога гледам еден куп мали дечки, кои се идни фудбалери… кој само ќе се радува на мојот успех.
Отсекогаш знав дека сум најдобар. Ви благодарам што сега ми потврдивте и уште еднаш не погрешив. Но, сепак, знаев и покрај сѐ како е да се биде на дното. Јас го допрев. Но, сега не сум на врвот! За некои само небото е граница, но јас сум поразличен од нив. Јас ги поставив, јас ги рушев!
Можеби ви звучам премногу самоуверен, но, сепак, сум само еден скромен лик којшто премногу вложил во себе. Само јас го знам патот низ кој поминав.
И за крај, и покрај сѐ, голема благодарност до сите вас!!! Ќе се трудам да потврдам дека за ова ниту вие не грешите“, напиша Илија Несторовски.
Тој поради обврските во италијанскиот калчолигаш Палермо не можеше лично да присуствува на церемонијата организирана од ФФМ, а наградата во негово име ја подигна неговиот кум Александар Крстески, фудбалерот на Победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
Последната порака на Милан ја леди крвта – само еден месец потоа загина со жената!


