| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е градот со најгрда елка во светот (ФОТО)

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, Рим има најгрда божикна елка во светот.

Ова тажна „елка на штедењето“, како што беше наречена на интернет, се наоѓа на „Пјаца Венеција“ и со својот изглед многу ги разлути жителите на главниот град на Италија.

Светилките на елката ги запали градоначалникот на Рим, Вирџинија Раги, додека децата одбројуваа до моментот на нивното светнување, таа најави дека „елката ќе светне и сѐ ќе сјае“. Но, кога несреќните свеќички се запалија, се слушна само потсмев и чудење, пишува бесникот „Локал“.

– И потоа се чудат дека луѓето одат во други градови за Божик. Ова е срамно. Подобро би било да немаме елка, беа само дел од коментарите на разочарани граѓани на социјалните мрежи.

The saddest Xmas tree in Rome “Even in war-torn Iraq they have a better tree!” #XmessFail

A photo posted by mykl3000 (@mykl3000) on


По големиот број негативни коментари, градските власти одлучија малку да ја поправат елката со додавање ѕвезда на врвот и со поголем број светилките, па сега граѓаните се нешто позадоволни иако и натаму сметаат дека таа е грда.

#rbrlight #soloilmeglio #cittadiroma

A photo posted by Sandro Lago (@sandroahhh) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top