| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец загина по пад од покрив на фирма

Вчера околу 15.40 часот во Скопје, при пад од покрив на фирма, С.Ј. (57) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил преземен од возило на Итна медицинска помош, но на пат за Ургентниот центар починал. Во 16.20 часот од страна на доктор од Ургентниот центар Скопје констатирана е смрт.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top