| четврток, 6 декември 2018 |

Меси на лето ќе се ожени со мајката на неговите деца

lionel-mesi-i-devojka

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси и долгогодишната пријателка Антонела Рокуцо ќе ја формализираат својата врска и ќе се венчаат следната година, објавија шпански и аргентински медиуми.

Се претпоставува дека 29-годишниот Меси и 28-годишната Рокуцо ќе склучат брак во родното место Росарио во текот на летото на 2017 година, иако тоа сеуште да не е потврдено.

– Датумот ќе зависи од програмата на Барселона во текот на летото и резултатите во Лигата на Шампионите – соопшти агенција ЕФЕ. Меси е роден на 24 јуни и тоа е една од споменуваните датуми.

lionel-mesi

Двајцата имаат две деца – четири годишниот Тиаго и едногодишен Матео.

Лео и ќерката на сопственикот на супермаркет Антонела се среќаваат уште како деца во соседството во Росарио. По некои промени во нивниот живот тие почнаа да се гледаат неколку години подоцна откако Меси потпиша со Барселона во 2000 година. Во годините тој и пишувал љубовни писма.

Смртта на еден од пријателите на Антонела во сообраќајна несреќа ги зближи уште повеќе. Тие ја чуваа врската во тајност до 2007 година, кога Рокуцо откри дека се пар.

lionel-mesi-devojka

Работите се развиваа уште повеќе три години подоцна, кога таа се пресели во домот на Меси во Барселона. Оттогаш двајцата ја одржуваат една од најстабилните врски во светот на спортот, која доведе до раѓањето на двете деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top