| четврток, 6 декември 2018 |

Од Алепо се евакуираат 4.000 бунтовници и членови на семејства

alepo

Најмалку 4.000 бунтовници и членови на нивни семејства ќе бидат евакуирани од сирискиот град Алепо, јави Сириската телевизија.

– Сите процедури за нивна евакуација се објавени – наведува медиумот.

По првичниот договор за евакуација на бунтовници и цивили што до вчера не беше спроведен, ноќеска е постигнат нов. Бунтовниците објавија дека новиот договор за прекин на огнот стапи на сила во 2:30 по локално време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top