Принцот Хари и Меган Маекл фотографирани се прв пат заедно, откако е откриено дека се во врска.
Славната двојка е видена додека одела на претстава во лондонскиот театар „Вест енд“. Шетале по Пикадили и се воодушевувале на божикните украси и светилки и малкумина ги препознале.
Во чекор ги следел само еден претставник на кралското обезбедување.
– На Хари приватноста му е важна, но јасно е дека не му пречи да бидат фотографирани заедно. Двајцата се луди еден за друг и сите знаат дека се лудо вљубени – рекол извор близок на парот.
Меган во Лондон пристигнала во понеделникот, со лет од родното Торонто. Не отседала во хотел, туку во неговата куќа која се наоѓа на имотот на Кенсингтонската палата. Двојката времето го поминува дома, а вчера купиле и новогодишна елка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расте од ден во ден: Нови фотографии од бремената Меган Маркл!
-
Надвор од протоколот: Меган размислува да се породи дома!
-
Не можела веќе да издржи: Помошничката на Меган која даде отказ, откри страшни детали за кралското семејство!
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти