„Металците“ по почетните неколку минути влегоа добро во натпреварот одржувајќи егал, потоа противникот успеа резултатски да се одлепи и по првите десет минути имаше плус 12 поени (29:17). На крајот од вториот период македонскиот тим дојде со негатива од шест поени, со кои отидоа и на пауза (46:40).
По полувремето, повторно Гран Канарија ја превзема контролата на мечот и ја доби 3/4 со 26:18 за во последните десет минути да влезе со пристојна позитива (72:58). Во последната четвртвртина, тимот од Аеродром не успеа да пружи голем отпот по што го претрпе и осмиот пораз.
Шпанскиот претставник ја оправда фавористката улога и сосема заслужено ја запиша и седмата победа со која остана на лидерското место.
Најефикасни во МЗТ Скопје беа Јуре Лалиќ со 15 поени, Дреновас 13 и Симоновски со 12 коша. На спротивната страна Ројс О‘Нил уфрли 23 поени, додека македонските интернационалци Мекелеб и Хендрикс постигнаа по 12, односно 4 коша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.