| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП за ракометарки: Холандија се пласираше во полуфиналето

Холанѓанките попладнево ја совладаа селекцијата на Шпанија со 29-24 и со двата освоени бода го потврдија своето место во полуфиналето. Ова беше меч од групата 1, во која за второто место ќе конкурираат Франција и Германија

На женското Европско ракометно првенство денеска се играат последните дуели од групната фаза, по кои ќе бидат познати сите селекции кои ќе обезбедат пласман во полуфиналето.

Ракометарките на Холандија и му се приклучија на актуелниот светски и европски шампион Норвешка во полуфиналето.

Холанѓанките попладнево ја совладаа селекцијата на Шпанија со 29-24 и со двата освоени бода го потврдија своето место во полуфиналето. Ова беше меч од групата 1, во која за второто место ќе конкурираат Франција и Германија.

Германките кои имаат бод помалку од Франција попладнево ќе играат против домаќинот Шведска, додека во вечерниот термин Франција за противник ќе ја има Србија.

Табела: *Холандија 8 бодови, Франција 6, Германија 5, Шведска 3, Србија 3, Шпанија 1.

Во групата 2, од каде Норвежанките се сигурни полуфиналистки, за второто место во директен дуел ќе играат Романија и Данска. Инаку, во првиот меч од оваа група Унгарија и Русија одиграа без победник 26-26, додека во последниот натпревар ќе играат Норвешка – Чешка (од 20:45 часот).

Табела: *Норвешка 8, Романија 6, Данска 5, Русија 4, Чешка 3, Унгарија 0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top