Песната „Коледе леде“ заминува во историјата. Наместо неа, ќе се пее „Вечниот Бог“, која ќе го најавува Христовото раѓање, објави порталот „Религија“.
Во девет градови низ Македонија, меѓу кои и во главниот град Скопје, на Бадник ќе се случуваат масовни бадникови поворки, кои ќе го навестуваат Христовото раѓање. Идејата е да се воспостави традиција на православно празнување на Бандик, со пеење на православни црковни песни, наспроти паганскиот обичај на коледарските посети по домовите и пеење бесмислени пагански песни.
За сите бадникарски црковни поворки задолжени се храмовите во градовите низ Македонија. Сите поворки ќе бидат составени од деца и млади кои ќе се движат пред домовите на православните верници и разни институции. За оваа иницијатива од минатиот Божиќ имаше голем интерес, а таква поворка го посети и домот на Претседателот Ѓорге Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите на ФИНКИ изработија нова едукациска алатка за учење историја
-
Бекер: Да имав можност да играм со Федерер на Вимблдон, сигурно ќе бев поразен!
-
Жежов: Република Македонија е исправена пред еден од најтешките предизвици од независноста до денес
-
Проф. Котлар: Можеме да зборуваме за заеднички процеси во одредени периоди со Бугарија, но не и за заедничка историја