Вчера во 17.20 часот во Кичево на ул. „Рудничка“ бил нарушен Јавниот ред и мир со тепачка помеѓу браќата З.Д. и Ј.Д. од Кичево од една страна и К.С. и неговата сопруга М.Д. (поранешна сопруга на еден од браќата) од друга страна.
Во тепачката К.С. со сигнален пиштол го удрил Ј.Д. во пределот на лицето, при што му скршил еден заб. М.Д. во чантата бил пронајден нож. Причина за тепачката е разводот на М.Д. со еден од браќата.
Сите се приведени во ПС Кичево и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.