Вчеравечер во 20.40 часот во Битола, на ул. „Генерал Васко Карангелевски“ двајца полициски службеници биле нападнати со нож од страна на лицето Н.Д. (39).
Полициските службеници биле на должност по пријавено семејно насилство од страна на Н.Д., кој во алкохолизирана состојба вршел оштетување во домот и имал вербални расправии со сите присутни. Кога пристигнале полициските службеници , во еден момент Н.Д. со нож замавнал кон нив, но бил спречен во намерата по што истиот е приведен.
Се преземаат мерки за целoсно расчитување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.