Над 100 илјади работници до крајот на годината треба да добијат по 8.900 денари, регрес за годишен одмор. Согласно колективниот договор, приватниот сектор е обврзан еднаш годишно на своите вработени да им исплати најмалку 40 отсто од просечната исплатена плата во земјава. Првиот синдикалец очекува над 70 илјади фирми да си ја исполнат обврската и да исплатат К 15.
-Очекувам 80 до 90 отсто од приватните субјекти, кои се некаде околу 70.000, да им исплатат К15 на своите вработени. До сега само еден медиум и 2 фабрики од текстилната индустрија побараа поради финаниски проблеми да им се намали висината за исплата на регрес за годишен одмор – изјави Живко Митревски, претседател на ССМ.
Синдикалниот лидер се надева дека практиката кај дел од газдите кои им ги бараа да им ги вратат исплетените пари на своите вработени – ќе биде минато. Со најновите измени, за оне кои ќе го сторат тоа им се заканува затворска казна од 1 година.
Работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор можат да побараат интервенција од Дражавниот иапсекторат за труд или да покренат судската постапка за заштита на своите права. Инаку колективниот договор за приватниот сектор беше потпишан во 2013 та година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.