| четврток, 6 декември 2018 |

Доларот го задржува трендот на раст

dolar

Како последица на растот на продуктивноста и фрабричките нарачки во САД доларот поскапе во однос на кошницата од валути.

Доларот се зголеми за 0,40 отсто во однос на другите валути. Тоа се случи и покрај драстичното зголемување на трговскиот дефицит на САД со близу 18 отсто, што се очекува да наштети на развојот на американската економија.

Дефицитот во земјата е зголемен до 42,6 милијарди долари, иако прогнозите на аналитичарите беа за дефицит од 42,1 милијарди долари. Причина за ова е намалувањето на извозот за 1,8 отсто и соодветно зголемувањето на увозот од 1,3 отсто во земјата.

И покрај ова, продуктивноста во САД порасна во третиот квартал со 3,1 отсто на годишна основа, а фабричките нарачки во октомври се зголемија за 2,7 отсто при очекувани 2.6 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top