Вчера попладне на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ со приватен авион пристигнаа британските музички ѕвезди Депеш Мод кои вечерва ќе одржат голем концерт во главниот град на Србија, како дел од нивната светска турнеја.
Веднаш по пристигнувањето Дејв Гахан, Мартин Гор и Енди Флечер со четири комбиња биле пренесени во хотелот „Метропол“ каде ќе бидат сместени за време на нивниот престој во Белград и каде за нив е резервиран цел спрат.
Уште пред доаѓањето момците од легендарниот бенд побарале од организаторите за нивната безбедност да се грижат жени обезбедувачи.
На Ушче веќе е поставена бина долга 50, а широка 24 метри, на која работеа 75 работници. Портите ќе бидат отворениво 17 часот, а програмата се очекува да започне точно во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Пијанистот Дино Имери со концерт го прославува 10-годишниот јубилеј
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница


