Мбаје Нијанг беше трагичар на Милан на синоќешното дерби со Рома, на кое францускиот напаѓач промаши пенал во првото полувреме. Ова беше втор нереализиран удар од белата точка за Нијанг во последните две кола (претходно беше непрецизен и против Кротоне), поради што тој самиот најави дека во иднина нема да ги изведува пеналите за тимот на Милан.
– Сакам да им се извинам на сите, ја преземам одговорноста. Сакав да постигнам гол, ете се случи да не успеам и за жал тоа промашување го чинеше тимот загубени бодови. Ако добиеме следен пенал, ќе го шутира Лападула. Најважно е пеналите да се претвораат во голови, не кој ќе ги изведува – истакна Нијанг.
Милан со загубените бодови на градското дерби падна на третото место на табелата, со дури седум бода заостанување зад лидерот Јувентус. Нијанг сезонава настапи на 14 натпревари за „росонерите“, притоа постигнувајќи три погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим