| четврток, 6 декември 2018 |

Поскапува кафето во Грција

Од 1 јануари 2017 година кафето во Грција ќе поскапи поради зголемениот посебен данок на потрошувачка. Зголемувањето на цената на кафето во кафетериите ќе биде до 10 евроценти, а малопродажната цена на кафето ќе скокне за 25 отсто, објави „Та неа“.

Најевтиното кафе во Грција може да се најде за 1 евро, а инаку неговата цена во различни категории кафулиња и ресторани се движи од 2,5 до 5 евра. Во грчките супермаркети 250 гр. кафе на една од најпопуларните марки, при тоа на промоција, чини 5,29 евра.

За да се договорат фискалните мерки со кредиторите, владата во Атина во март гласаше за воведувањето на овој данок, кој ќе биде прогресивен.

Данокот варира од две до четири евра за килограм кафе.

Годишната потрошувачка на кафе во Грција надминува 42 илјади тони.

Министерството за финансии очекува приходите од овој данок да изнесуваат 62 милиони евра, но трговците се сомневаат дека предметната мерка може да доведе до бум на нелегалната трговија и до даночно затајување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top