| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер по поразот од Евертон: Борбата за титулата ќе се разгори после Нова година

arsen-venger

По синоќешниот пораз на гостувањето кај Евертон, менаџерот на премиерлигашот Арсенал, Арсен Венгер, смета дека битката за шампионската титула во Премиер – лигата ќе се разгори после Новогодишните и Божиќните празници.

– Тоа е период кога можат да се случат многу работи. Можат да ни се зголемат шансите за титулата, но и може целосно да бидеш отфрлен од борбата за трофејот. Разликата помеѓу сите клубови е мала и мислам дека клучни ќе бидат меѓусебните дуели на претендентите за врвот. Натпреварите после Новогодишните и Божиќните празници ќе бидат одлучувачки – смета Венгер.

„Топчиите“ по 15 одиграни натпревари во Премиер – лигата се наоѓаат на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top