Хороскопот ни дава одоговор и на ова прашање – Какви родители сте според хороскопскиот знак?
ОВЕН
Овенот е строг, но праведен родител. Најчесто е напорен за детето, но е речиси секогаш во право. Настојува неговите деца да бидат упорни и да постигнуваат најдобри резултати. Сепак, постои можност и да претера во строгоста. Клучот е во тоа да разбере дека неговите амбициите не се по автоматизам исти и кај детето, па треба да се биде повнимателен кон неговите желби.
БИК
Секогаш на штрек дека на нивното дете нешто му недостига. Можеби е гладно, жедно, му се спие, нервозно е? Доколку детето и во доцните години не успее да стекне материјална сигурност, родителот Бик е секогаш тука да му помогне, макар и да му најде работа.
БЛИЗНАЦИ
Забавни и весели родители. Некогаш се подетинести и од самите деца. И самите се свесни дека знаат да бидат несериозни, а кога тоа е случај, не се ни нафаќаат да имаат деца и семејство. Но, ако веќе се решат, секогаш ќе имаат време да разговараат со своите деца, дури и да се презафатени. Инсистираат на образование.
РАК
Како и бикот, секогаш се грижи дали неговото дете има се што му е потребно, дури и кога има. Приоритети му се емотивната состојба и интересите на детето, па се стреми се да е во најдобар ред во семејството и домот кога во близина се најмалите.
ЛАВ
Детето на Лавот секогаш ќе биде свесно за своите квалитети и можности, а родителот ќе се погрижи постојано да додава „масло на огнот“ и да го зајакне неговиот карактер со пофалби. Лавот не „излегува на крај“, туку го „обликува“ карактерот на детето, со цел да направи добар човек. Никогаш не ги покажува емоциите со зборови, туку со гестови и подароци.
ДЕВИЦА
Тежок родител. Се мора да е совршено, а детето мора да е непогрешиво и најдобро во се што прави. При несогласувања, Девицата демонстративно ја напушта кавгата, продолжувајќи да се чуди како детето не е онакво какво што родителот Девица го замислил. Совет: Не претерувајте со притисокот и не претерувајте во барањата децата постојано да учат и работат.
ВАГА
Едноставно, нема да дозволи непристојно однесување, вклучувајќи и облекување. Фокусот им е иднината на детето, особено тоа дали ќе најде животен сопатник, било во врска или брак. За Вагата, тоа е најважниот предуслов за добар живот. Нивните деца се воспитувани на толеранција и почитување и прифаќање на различноста на другите.
ШКОРПИЈА
Се гледа и се знае. Невозможно е нешто да сокриете, Шкорпијата се ќе праша и провери, се додека не дознае.Нема „забушавање“. Се однесува како детето да нема право на период на созревање и период кога ќе има свои деца – Шкорпијата секогаш ќе му биде родител и ќе се грижи. Приоритет им е децата да им се обезбедени.
СТРЕЛЕЦ
Како родител допушта најголема слобода, што пак изнудува најголема почит кај неговите деца. Нема забрани, само исполнети желби – Стрелецот е секогаш весел и подготвен да ги понесе неговите деца секаде каде што патува. Факултетот и образованието, спортот и разни активности се многу важни за Стрелецот, па и за неговите деца.
ЈАРЕЦ
Важи за најстрогиот знак, но во позитивна смисла, кога се работи за родителство. Знае како да се постави кон децата, знае како да ги среди состојбите и да овозможи се да биде на своето место. Накратко, знае како да го демонстрира и негува авторитетот, а тоа е многу важно за детето. Секогаш е тука за совет, и тоа добар, но само ако детето побара. Инсистира на дисциплина и одговорност.
ВОДОЛИЈА
Пред се е најдобар другар, а потоа и родител. Сепак, не им попушта на децата. Водолијата е ригорозна и „студена“. Детето мора да има зацртани цели и да ги исполни.
РИБИ
Се прават „наудрени“, но гледаат се. Имаат потреба од децата, но не ги притискаат, туку им даваат слобода да бидат она што сакаат да бидат. Ова е меч со две острици – може да доведе до совршено воспитување, но и онаа другата крајност.
Генерално, го насочува детето кон активности, но дури и ако не се бави со ништо и нема хоби, не е важно. Само да има „мир во куќа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.