| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Поради технички зафати во електромрежата утре без електрична енергија ќе бидат дел од општините  Ѓорче Петров, Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Зелениково, информираат од РЦУК на Град Скопје.

Во време од 9 до 14 часот  утре без струја ќе бидат дел од корисниците од подулиците „93“, „101“ и околните улички во село Волково во општина Ѓорче Петров, а од 9.30 до 12.30 часот ќе биде магацинот на „Кока-кола“ во населбата Гази Баба, општина Гази Баба.

Без струја утре од 11 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од улицат „Скупи“ подулици „3а“ и „5а“ во општина Карпош, а од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Огњан Прица“ до бр. 23 и ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во општина Кисела Вода.

Во период од 8.30 до 9 часот и од 14 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Ново Село, Гумалево, Тисовица, Пакошево, Смесница, Страхојадица, Добрино, Дејковци, фирмата „Спектар комерц“, ЖТП Кадина Река и станицата „Зелениково“, а од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од фирмата „Спектар комерц“ од село Пакошево во општина Зелениково.

Без електрична енергија утре од 9.00 до 13.30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Мексичка“ и „Хелсинки“ во општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top