Според „Вечерни Новости“ секоја од екипите кои ќе учествуваат во „Балканска лига“ во фудбал би требало од старт на своето контo да добиe по 800.000 евра. Лигата, која веќе добила и поддршка и од УЕФА би требало да стартува во 2018 година. Од нашата земја сигурен учесник би требалo да биде Вардар, а дали ќе има место и за други клубови останува да видиме во следниот период.
Од Европската фудбалска куќа обезбедени се вкупно 19,2 милиони евра како основен буџет, а секој клуб ќе биде дополнително награден во зависност од пласманот. Дополнителен приход за клубовите би требало да биде и колачот од ТВ правата, а тука е и продажбата на влезници, бидејќи се очекува неколкукратно зголемување на посетата на стадионите.
Во лигата, која треба да стартува есента 2018 година, на стартот би требало да учествуваат клубовите од регионот, кои нема да остварат пласман во групната фаза на Лигата на шампионите и Лига Европа. 24 клуба ќе бидат поделени во шест групи. Од УЕФА нема ни потврда, ни демант за идејата за започнување на „Балканската лига“, а интересно е што ниту еден од балканските сојузи не излезе со став за прифаќање или демантирање на идејата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.