| четврток, 6 декември 2018 |

Како гласаше Скопје: Гази Баба и Центар ги решија изборите

Двете најголеми партии имаат победа во по 4 од вкупно 8 скопски општини. Сумирано на ниво на град Скопје опозициската СДСМ е во водство. СДСМ победи во Центар, Аеродром, Карпош и Чаир. ВМРО-ДПМНЕ има подобри резултати во Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Бутел.

ВМРО ДПМНЕ е убедлив победник во Република Македонија, а СДСМ во Скопје. Но, прашањето е кои општини ја донесоа победата на двете партии?

Општина Центар брои околу 43 илјади гласачи. На овие парламентарни избори излезеноста е 77,23% или вкупно 32 178 гласачи. Од вкупниот број на гласови 18 710 (57,19%) се за СДСМ и 10 135 (30,98%) се за ВМРО ДПМНЕ. Трети на листата според бројот на гласови е партијата Левица.

Ова е најголемата разлика на СДСМ во првата изборна единица. Речиси во сите избирачки места партијата е во водство.

Гледајќи историски наназад последна победа на ВМРО-ДПМНЕ е на локалните избори во 2009 година со тогашниот кандидат за градоначалник, Владимир Тодоровиќ. Познавачите коментираат дека е тешко ВМРО ДПМНЕ повторно да победи на следните локални избори во Центар.

Општината Гази Баба на избирачкиот список има запишано околу 56 илјади гласачи. На предвремените парламентарни избори кои се одржаа во неделата ВМРО ДПМНЕ има освоено вкупно 21 543 (48,77%) од гласовите. СДСМ е втора по бројот со вкупно 14 829 (33,57%) гласови. Трета на листата е партијата БЕСА.

Ова е општината каде ВМРО ДПМНЕ има најголема предност во втората изборна единица и една од најголемите победи во Република Македонија.  Историски, наназад СДСМ нема ниту една победа во оваа скопско општина. Аналитичарите велат дека речиси е невозможно СДСМ да ја стопи предноста на ВМРО ДПМНЕ во оваа скопска општина.

фото: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top