Kолеги, пријатели, почитувачи на ликот и делото на легендарната Есма Реџепова денеска на градските гробишта во Бутел се простија од кралицата на ромската музика.
-Веројатно никој од нас не помисли дека токму сега, во овие мигови, нејзиниот живот може да згасне. Беше исклучителен човек, сакана и почитувана низ целиот свет. Голема и неповторлива, кралицата живееше со репутацијата на светски уметник. Есма доби почесно место во легендите на Македонија. Уверена сум дека сето она што Есма го остави ќе живее и многу години по неа преку нејзиното потомство – рече министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Кралицата на ромската музика беше почитувана во целиот регион. На погребот денеска присуствуваа и медиуми од соседството.
Есма Реџепова е родена на 8 август 1943 година во Скопје, а почина вчера, 11 декември, во болница, по кратко боледување. За нејзините дела може да се напишат книги, да се снимаат филмови. Покрај светската слава, Есма Реџепова секогаш велеше дека најголемиот успех во животот и е тоа што има 47 деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!