Против Н.С.(29) од околината на Грделица поднесена е кривична пријава поради сомневање дека и се заканувал на својата сопруга Г.С. (28). Меѓутоа Н.С. го извлекол подебелиот крај, обидувајќи се да го реши спорот меѓу својата мајка Д.С.(48) и жената, бидејќи се испоставило дека снаата всушност ја подведувала свекрвата.
Снаата и свекрвата се скарале поради љубовникот, па Н.С. морал да се врати од странство, каде работи со татко му, како би го решил семејниот спор.
Во таа прилика тој упатил низа тешки зборови и закани на сопругата, поради што нејзините роднини решиле да го пријават во полиција.
-Се почнало кога наводно, Д.С. влегла во љубовна врска со еден работник на Коридорот 10 во Грделичката клисура. М.С. бил чест гостин во нивниот дом и фрлил око на привлечната и за свои години доста згодна свекрва- објаснил еден мештанин.
Тој додал дека снаата се правела дека не ја забележува љубовната врска меѓу свекрвата и работникот.
-Снаата често, како што се зборува по селото, поради материјална корист ја подведувала својата свекрва. Поточно и местела одбрани клиенти и кога и доаѓале, ја напуштала куќата – велат извори од селото.
Како што рекол, овој бизнис пукнал кога снаата и свекрвата една на друга ги здогледале на рацете истите прстени, кои ги заблежеле кај уште неколку мештанки.
-Во прашање е евтино турско злато. Наводно се испоставило дека снаата полудела кога видела дека М.Д. ист прстен и подарил и на љубовницата, нејзината свекрва, како и други мештанки. Тогаш тие двете почнале да се каарат и му се јавиле на Н.С. жалејќи се, па човекот морал да се врати дома од странство и да ја смири ситуацијата.
Адвокатот на Н.С. објаснува нека неговиот клиент не ја критикувал само сопругата туку и мајката и дека страдал ни крив ни должен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.