
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Рим, откако во полуфиналето го победи Чехот Томаш Бердих со 2:0 (6:2, 6:4).
Надал без поголеми проблеми извојува победа на видливо изморениот Чех, кој во претходното коло се истроши против Србинот Новак Ѓоковиќ. Денеска Бердих не беше ни бледа сенка од тоа што го прикажа вчера и со тоа му овозможи на популарниот Рафа пласман во финалето, чекајќи го вториот финалист од дуелот меѓу Рожер Федерер и Бењоа Паире.
Се очекува Федерер да се пласира во финалето, бидејќи за Паире пласманот во полуфиналето е вистиски успех и со тоа во утрешниот финален меч да гледаме вистинска тениска класика.
Во женскиот дел од турниор во Рим во финалето ќе играат Серена Вилијамс и Викторија Азаренка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


