Икемесо, како што се вика новиот тренд, по многу ги надминува наброените трендови. Имајќи предвид дека вработените Јапонки претрпуваат многу стрес на работа, за само 7900 јени или 65 долари од пред неколку дена и засега само во Токио можат да ја нарачаат услугата икемесо – згоден младич кој ќе им дојде на работа и ќе ги расплаче за со солзите да го исфрлат стресот од себе, а потоа нежно ќе им ги избрише солзите.
Терапевтски солзи
Целава оваа бизарност функционира многу едноставно. Кога ќе пукнете на работа, кога ќе ви се насоберат фрустрациите, јавете се на нивниот број и нарачајте еден згоден икемесо младич кој ќе ви помогне да си ја исплачете маката и да продолжите да работите. Лиценцираните терапевти прво со нежни зборови ќе предизивикаат бура од емоции во вас и поплава од солзи, а потоа нежно со шамиче ќе ви ги избришат од очите и од обрзите.
Кец во ракавот
Ако нивните зборови не успеат да го омекнат вашето тврдо срце, икемесо момците имаат кец во ракавот: ќе ви пуштаат филсмки сцени кои ќе предизивикаат бура од емоции, па на овој заобиколен начин ќе ве натераат да се исплачете и да си го намалите стресот. Секако, притоа можете да изберете кој е го стори тоа: интелектуалец, помлад брат, гаволест или заводник…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.