| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто јапонките не стареат и не се дебелат?

Јапонците имаат најдолг животен век – 82,5 години и се народ со најмногу стогодишници на светот. Овие податоци го привлекле вниманието на стручњаците кои се обидувале да откријат во што е тајната на нивната долговечност.

Чекор понатаму направила Наоми Мориу, авторка на книгата „Јапонките не стареат и не се дебелеат: Тајните од токиската кујна на мајка ми“.

Традиционалната јапонска исхрана вклучува ниско-калорични намирници сервирани во мали порции. Според авторката на книгата, една просечна Јапонка во просек внесува 25% помалку калории од една просечна жена од западот.

Стапката на луѓе со прекумерна тежина во Јапонија е 3,5%, во споредба со Британците каде дебели се ¼ од жителите. Во оваа азиска земја заболените од рак на дојката, простатата или оние со срцеви болести се поретки одошто во останатите делови од светот. Јапонците објаснуваат дека здравите навики се клучна работа доколку сакате да ја доживеете стотата година од животот.

Заборавете на десертот

Јапонците оброкот го завршуваат со шолја зелен чат. Во секој случај, би требало да јадете што помалку слатки. Шеќерот се поврзува со дебелината, дијабетесот, срцевите заболувања и зголемениот крвен притисок. Јапонците во просек внесуваат 48,8 грама шеќер дневно, во споредба со Британците кои внесуваат околу 100 грама на ден.

Не треба да сте сосема сити

На јапонскиот остров Окинава живеат најмногу стогодишници кои тврдат дека тајната на долговечноста е во тоа да не се најaдете, туку вашиот стомак да го наполните до 80%. Престанете да јадете пред да се најадете и после неколку минути ќе сфатите дека тие последни залчиња воопшто не ви ни биле потребни. Така ќе јадете помалку, ќе ја одржувате линијата и ќе бидете здрави – тврдат стогодишниците.

Многу експерти се согласни со оваа теорија и тврдат дека дури 20 минути откако ќе завршиме со оброкот, мозокот добива сигнал дека стомакот е полн. Тоа значи дека многу луѓе јадејќи брзо јадат повеќе одошто им е потребно.

Во чинијата ставајте помали порции храна бидејќи на тој начин помали се шансите да се прејадете – тврди Наоми Морија.

Пешачете

Пешачете помеѓу 2 и 5 пати на ден и поминувајте помалку време седејќи. Експертите додаваат дека пешачењето во времетраење од два и пол часа во текот на една недела, може да ви го продолжи животот за 7 години.

Избалансирајте го животот

Кај нас одењето на јога и тренирањето таи-чи не е вообичаено, но Јапонците тврдат дека тоа е идеален начин да ги вежбате телото и духот, да го намалите стресот, што и тоа како е важно за здравјето на целиот организам.

Не заборавајте и да внесувате доволно омега-3 масни киселини (одличен вегетаријански извор е лененото семе) и на паметно изложување на сонце.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top