| четврток, 6 декември 2018 |

Штама во ромската населба, Ромите тагуваат по Есма

Тишина, тажни лица, а во далечината тивко пуштени песните на Есма – вака накратко може да се опише атмосферата меѓу Ромите во една од белградските ромски населби по веста за смртта на кралицата на ромската музика, пишува српски „Блиц“.

– Секогаш одев на саемите каде настапуваше. Тогаш бев млада, имав само 18 години. Дури со пријателите одевме во Македонија на нејзините настапи, многу сакав да ја слушам како пее. Не само затоа што беше Ромка, туку затоа што пееше многу убави песни – раскажува Бериша Руше.

Таа додава дека во оваа населба сите ги сакале песните на Есма и дека просто што и да запеела, било уживање да се чуе.

– Утрово чув на вестите и помислив како неодамна останавме без Усниија, а сега и без Есма – вели Бериша.

– Се сеќавам на еден филм во кој и глумеше и пееше, беше баш млада. Одсекогаш беше преубава жена и вистинска госпоѓа, како и нејзината сестра. Жал ми е само што ретко имавме прилика да ја слушаме, бидејќи ретко се појавуваше на радио и на телевизија. И мојот покоен татко многу сакаше да ја слуша, таа сепак беше од нашата вера. Беше легенда и пред се храбра жена. За жал, болеста ја победи, но ние секогаш ќе бидеме горди на неа – вели Емина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top