| четврток, 6 декември 2018 |

Ја насетуваше смртта – еве што кажа Есма во последното интервју!

esma9

Македонската пејачка Есма Реџепова благодарение на својата богата кариера се смета за кралица на ромската музика.Поради начинот на кој ја изведуваше оваа музика, стекна светска слава.

Во своето последно интервју Есма зборувала за своите планови, но нагласи -Ако бидам жива и здрава , со што како да ја насети својата скорешна смрт.

-Ако бидам жива и здрава, ќе одржам концерти во сите центри на поранешна Југославија. Замислете 23.000 пати да се качите и да се симнете од сцена. Тоа не е лесно, а камоли да пеете. Главно настапувам во сали и тоа пред странска публика која нема врска со Балканот.Оваа година пеев во Филхармонијата во Минхен, а настапував и во Кенеди центарот и Конгресната сала во Вашингтон. Прва пат  во кариерата ќе настапувам и во Кина. Без огелд на тоа што публиката не разбира за што пеам, мислам дека сум специфична пејачка и дека магијата е во мојот глас – рекла пејачката.

Есма наредната година требаше да одбележи 60 години работа, поради што планирала да настапи во центрите на поранешна Југославија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top