| четврток, 6 декември 2018 |

Во експлозијата во Истанбул има најмалку 13 мртви!

%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4

Најмалку 13 лица загинаа во експлозијата која избувна вечерва во центарот на Истанбул, кај стадионот на фудбалскиот клуб „Бешикташ“, јави Би­Би­ Си.

Дел од западните медиуми, исто така, јавуваат за 13 мртви, повикувајќи се на полициски извори. Но информацијата не е официјално потврдена.

Турската ТВ станица НТВ јави за 38 повредени, но не и за загинати лица. Оваа телевизија уште наведе дека станува збор за експлозија на автомобил­бомба и оти цел на нападот бил автобус со припадници на полицијата за разбивање демонстрации.

Експлозиите одекнаа два часа по завршувањето на натпреварот. На местото на инцидентот упатени се пожарникарски и амбулантни возила, а полицијата го затвори за сообраќај тој дел од градот. Турските власти инцидентот го оквалификуваа како терористички акт, но засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top