Најмалку 13 лица загинаа во експлозијата која избувна вечерва во центарот на Истанбул, кај стадионот на фудбалскиот клуб „Бешикташ“, јави БиБи Си.
Дел од западните медиуми, исто така, јавуваат за 13 мртви, повикувајќи се на полициски извори. Но информацијата не е официјално потврдена.
Турската ТВ станица НТВ јави за 38 повредени, но не и за загинати лица. Оваа телевизија уште наведе дека станува збор за експлозија на автомобилбомба и оти цел на нападот бил автобус со припадници на полицијата за разбивање демонстрации.
Експлозиите одекнаа два часа по завршувањето на натпреварот. На местото на инцидентот упатени се пожарникарски и амбулантни возила, а полицијата го затвори за сообраќај тој дел од градот. Турските власти инцидентот го оквалификуваа како терористички акт, но засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.