Времето утре ќе биде сончево, во јужните и југозападните делови ќе има мала до умерена облачност и слаб северен ветер.
Претпладне по некои котлини ќе има слаба магла. Минималната температура ќе ознесува минус шест степени, а дневната ќе достигне до 18 степени целзиусови.
Во Скопје слично време со температура до 11 степени.
Во понеделник и вторник ќе има продор на студена воздушна маса што ќе услови засилен северен ветер, на места провејување на слаб снег и позначително опаѓање на температурата.
Во понеделник максималната температура ќе се движи од 6 до 12, а од вторник до четврток од 2 до 9 степени.
Утринските температури во понеделник и вторник ќе се движат од минус 4 до 4 степени, а потоа поради разведрувањето ќе опаднат и ќе бидат во интервала од минус 9 до 0 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.