Најмалку 20 луѓе се повредени по експлозија што се случи во непосредна близина на стадионот на Бешикташ „Водафон арена“ во Истанбул.
Според турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, целта на нападот биле припадници на полицијата за спречување нереди распоредени околу стадионот.
Има и повредени меѓу полицајците.
Одредени извештаи велат дека по првата појака имало и втора послаба експлозија, по што следела и престрелка недалеку од плоштадот „Таксим“ во центарот на градот. Некои непотврдени извештаи јавуваат дека станува збор за автомобил бомба.
Полицијата ги затвори улиците околу стадионот на кој се играл натпревар меѓу два од најдобрите турски клубови Бешикташ и Бурсаспор. Натпреварот бил завршен во моментот на експлозијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.