Секој трети маж во Србија кој прави тест за татковство, дознава дека не е татко на своето дете, покажува шокантната статистика на ДНК анализите.
Во Србија секоја година 450 мажи проверува дали е во биолошка врска со детето кое го смета за свое, а околу 150 ја дознава болната вистина.
На тестирањето главно доаѓаат татковци кои се сомневаат во верноста на својата жена или црвот на сомнеж им го уфрла средината.Експертите сметаат дека главната причина на поразителната статистика лежи во се почестите неверства и паралелни врски, па често ни самата жена не знае кој и направил дете.
Сексологот Горан Поповиќ смета дека штом мажот се посомнева дека не е биолошки ттако, тоа го покажува и ДНК анализата.
-Многу чувствителна тема и подеднакво болна и за таткото и за детето. Во пракса имав ситуации кога жената одржува паралална врска вон бракот, затруднува и едноставно го премолчува неверството. Но морам да нагласам дека мажите тоа го чувствуваат и брзо ја дознавават болната вистина – објаснува Поповиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.