Жена од Германија тргнала да бара британски војник со кого останала бремена во 2010 година. Но, не се сеќава ниту како се вика, ниту пак како изгледа.
Како што пишува „Сан“ Сара Ханел во алкохолизирана состојба имала авантура со еден војник додека била во Велика Британија поради што не се сеќава на таткото на нејзиното дете.
Момчето го запознала во декември 2010 година и заедно биле само неколку часа. Девет месеци подоцна се родила Лили. Сара мометно живее во Берлин и се сеќава дека момчето имало руса коса и било многу млади.
– Сакам Лили да знае кој и е татко. И сакам родителите на момчето да знаат дека имаат внука, а важно ми е да ја знам и историјата на семејните болести – вели Сара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.