Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска напладне ќе го објави почетокот на ревизијата на проектот „Скопје 2014“, информираат од неговиот кабинет, пишува плус инфо.Специјалната комисија формирана од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска почна со анализа и ревизија на на комплетната документација што општината ја поседува за проектот Скопје 2014. Откако Комисијата составена од претходните претседатели на Антикорупциска комисија, Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, ќе ја завршат нивната работа, ќе уследи втората фаза – ревизија од Државниот завод за ревизија, а потоа случајот ќе го преземе и меѓународна ревизорска куќа.
Тасева и Малиновски добија задача да ги ревидирираат документите и да оценат како се одвивале постапките за „Скопје 2014“ во рамките на надлежноста на општина Центар, кој учествувал во нив и дали се почитувани исте закони.
Првиот прелиминран извештај ќе биде готов за 90 дена додека финалниот ќе и биде доставена на општината за 6 месеци.
Градоначалникот Жерновски на денешната прес-конференција во малата просторииа каде се наоѓа целокупната документација на проектот, рече дека ревизијата е со цел да се овозможи транспарентност во работата на општината, која недостигала во текот на мандатот на претходните општински власти.
– Тоа вопшто не го правам поради политички реваншизам, туку затоа што сите, како политички партии и како институции, барем декларативно се залагаме за транспарентност во нашето работење. Од овој момент сите информации ќе бидат достапни до заинтересираните граѓани, новинари, институции или невладини организации. Нема да се работи како што досега се работело, при што беше грубо прекршен законот за слободен пристап до информации. Од денеска, кој сака да има пристап до овие информациим, ќе го има овој прситап – рече Жерновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со среќа новата учебна година: Општина Центар вратете ни ги тротоарите и исчистете ги улиците!
-
Општина Центар го урива Урбан парк на Јужен булевар, полицијата ги иселува дивовселените
-
Богдановиќ најави дека некои објекти од проектот Скопје 2014 ќе бидат дислоцирани
-
Поранешен градоначалник на Центар под истрага за мостот Око


