Пожар утрово во 4.45 часот избувнал во кругот на објектот на Македонска филхармонија, при што едно лице, вработено како обезбедување, се задушило од чад и е пренесено на Токсикологија каде е задржано на понатамошно лекување.
Од Министерството за внатрешни работи информриаат пожарот избувнал во монтажната канцеларија (контејнер) на фирмата која изведувала градежни работи на објектот, а го забележал Н.М. (41) од Скопје вработен како обезбедување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.