| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Не ни треба некој од надвор да ни ја прекројува и редефинира државата, во недела народот ќе го казни СДСМ

Завршува кампањата доаѓа победата. Две ипол години издржавме малтретирање од СДСМ и нивните сценаристи. Многу мудро достоинствено народот ги издржа овие две години. Многу работи кои на други места им успеале тука не им успеаја, а тоа ќе го видат во недела кога народот громогласно ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ и ќе покаже дека во Република Македонија одлучува народот, истакна на вечерашниот митинг во Крушево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во четвртата изборна единица Никола Груевски.

-Се уште не научија дека ако сакаш да добиеш можност да ја водиш државата тоа треба да го очекуваш од народот, да му понудиш проекти, програма и чесен пристап, а не да чекаш криминални структури да те донесат на власт. Народот ќе го казни СДСМ во недела и ќе го казнува сè додека не научат да го почитуваат сопствениот народ. Не ни треба некој од надвор да ни ја прекројува и редефинира државата и да ни го наруши соживотот. Заедно се бориме за сите. Кога нашата влада се бореше за нови работни места, се бореше за сите. Затоа народот нè поддржува, посочи Груевски.

Тој додаде дека во минатиот период сите виделе каков човек е Зоран Заев.

-Тој 11 ипол години е властодржеч во Струмица, во време кога Македонија има најниски даноци во светот и успешна бизнис клима, во тоа време Заев и покрај многуте ветувања не успеа да донесе ниту една крупна инвестиција во неговата општина, а камоли во другите. Таков измамник не и треба на Македонија. Човек што ги лаже граѓаните не ни треба. Тој повеќе време потроши време да внесе гнев, отколку нешто мудро и паметно или добар проект да презентира пред луѓето. Нема да дозволиме Македонија да тргне во таков правец, во правец кој тој го сака, додаде Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека невработеноста ја намалиле од 38,7 на 23,4 проценти.

-Успеавме во Македонија од 560.000 вработени да дојдеме до 728.000 или 168.000 нови рбаотни места во време на светски кризи. Сега се вработуваат нови луѓе,  доаѓаат нови инвеститори се отвораат нови работни места. Ќе продолжиме да привлекуваме нови инвестиции и како ќе се намалува невработеноста така ќе растат и платите. За следните четири години предвидуваме отворање на најмалку нови 70.000 работни места, а невработеноста да падне меѓу 17-18 проценти. Не треба да се даваат лажни ветуваа, затоа СДСМ губат 9 пати по ред и затоа што не ја научија лекцијата во недела ќе го претрпат 10-тиот пораз, рече тој.

Во програмата „Реално“ за следниот период се предвидува изградба на 18 нови училишта, 78 спортски сали, 6 нови експресни патишта од кои еден е Градско-Прилеп со четири ленти, како и реконструкција над 60 регионални патишта, и изградба на 140 нови детски градинки, а ќе продолжи проектот „Купи куќа за млади“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top