| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан им дава одмор на првите ѕвезди во тимот

real-madrid

Реал Мадрид ќе биде значително ослабен на утрешниот дуел против Ла Коруња во Примера дивизион по одлуката на Зинедин Зидан да им даде заслужен одмор на своите најдобри фудбалери. Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Карим Бензема не тренираа во последните два дена, а Зидан реши да им даде можност да одморат по напорните дуели со Барселона и со Борусија Дортмунд.

Во ситуација кога Реал допрва го очекува атак на титулата светски клупски шампион, јасно е зошто „кралевите“ стравуваат од премореност што би можела да доведе до повреди кај клучните фудбалери, па токму затоа францускиот стручњак реши да го искористи дуелот со Ла Коруња за експеримент со составот. Покрај овие тројца играчи во тимот ќе го нема ниту повредениот Герет Бејл, но добра вест е камбекот на Тони Крос, кој го одигра второто полувреме со Борусија, а за утре е најавен во стартниот тим.

За голови на овој натпревар ќе биде задолжен Алваро Мората, кој ќе има помош од Васкез и Асенсио, додека Хамес Родригез повторно е најавен како резерва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top